Димитров: За нас ова е посебен ден – нашата држава учествува со еднакво право на дискусија

Сподели

На денот кога Северноатлантската алијанса го прославува 70. роденден, во градот каде што бил потпишан основачкиот Договор, Вашингтон, министерот Димитров учествуваше на Состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

“За нас ова е посебен ден, бидејќи станува збор за прв состанок од ваков ранг, на кој, со подеднакво право на дискусија, учествува нашата држава – истакна министерот Димитров.

При отворањето на работната сесија, Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му посака топло добредојде на министерот Димитров и уште еднаш потенцираше дека очекува што е можно побрзо заокружување на ратификациониот процес во сите држави. Ни претставува особено признание и задоволство што сите министри упатија искрени честитки за „заслуженото столче” на масата на сојузниците. 

Состанокот, од што произлезе заедничка изјава, беше посветен на споделувањето на одговорностите меѓу сојузниците, адаптабилноста на Алијансата кон новите закани за безбедноста и сигурноста на луѓето. Значително внимание беше посветено на „непредвидливата и предизвикувачка безбедносна ситуација”, особено константната опасност од тероризам, зголемената руска агресија и повреда на меѓународното право, сајбер и хибридните закани. Заеднички беше констатирано дека новите предизвици наметнуваат нов пристап кон безбедносните прашања.

040419OA MNR Dimitrov Vashington 5451

Навраќајќи се на договорите со Бугарија и Грција како примери за заедништво на дело, министерот Димитров истакна:

„Ние, трите држави станавме поголеми’ без промена на границите!”

Министерот се осврна на нашиот долгогодишен придонес во Авганистан, подготвеноста за поддршка на мисиите на НАТО за обезбедување одржлив мир и стабилност во Авганистан и Ирак, како и одреден финансиски придонес во фондовите.

Престојот во Вашингтон беше заокружен со средби со министрите за надворешни работи на Унгарија, Португалија и Полска. Покрај нашето интересирање за ратификацијата на Пристапниот Протокол за НАТО, предмет на разговор беше и поддршката од овие земји за почеток на преговори со ЕУ. Притоа, МНР на Унгарија ја потенцираше нивната јасна позиција за започнување на преговори со Република Северна Македонија без одлагање. Вакви заложби споделија и останатите двајца соговорници на МНР Димитров. Со делегацијата на Полска се разговараше и за можноста за соработка и помош во врска со користењето на ЕУ фондовите

При отворањето на работната сесија, Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му посака топло добредојде на министерот Димитров и уште еднаш потенцираше дека очекува што е можно побрзо заокружување на ратификациониот процес во сите држави. Ни претставува особено признание и задоволство што сите министри упатија искрени честитки за „заслуженото столче” на масата на сојузниците. 

040419OA MNR Dimitrov Vashington 5440

Состанокот, од што произлезе заедничка изјава, беше посветен на споделувањето на одговорностите меѓу сојузниците, адаптабилноста на Алијансата кон новите закани за безбедноста и сигурноста на луѓето. Значително внимание беше посветено на „непредвидливата и предизвикувачка безбедносна ситуација”, особено константната опасност од тероризам, зголемената руска агресија и повреда на меѓународното право, сајбер и хибридните закани. Заеднички беше констатирано дека новите предизвици наметнуваат нов пристап кон безбедносните прашања.

Навраќајќи се на договорите со Бугарија и Грција како примери за заедништво на дело, министерот Димитров истакна „Ние, трите држави станавме поголеми’ без промена на границите!” Во вториот дел, Министерот конкретно се осврна на нашиот долгогодишен придонес во Авганистан, подготвеноста за поддршка на мисиите на НАТО за обезбедување одржлив мир и стабилност во Авганистан и Ирак, како и одреден финансиски придонес во фондовите.

040419OA MNR Dimitrov Vashington 5487