Дирк Јан Коп: Реформи, крај на неказнивоста и враќањето на довербата во системот

Сподели

 

Амбасадорот на Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп вели дека новата методологија треба да им ја олесни работата на оние што се вистински посветени на реформскиот процес, а ќе им биде потешко на оние што не се.

Тој во интервју за „Порталб.мк“ исто така вели дека одлуката на Холандија за започнување на пристапните преговори ќе зависи од целокупниот напредок постигнат во спроведувањето на реформите, оцена за која се чека да извести Европската комисија во скоро време.

“Посветеноста кон реформскиот процес е охрабрувачка. Важно е овој процес да продолжи. Станува збор за практично спроведување на реформите и влијанието на овие реформи врз секојдневниот живот на граѓаните. Реформите треба да бидат насочени кон обезбедување одговорност, крај на неказнивоста и враќањето на довербата во системот. Очекуваме да ја прочитаме оценката на Европската комисија во новиот извештај за реформите, од мај 2019 година кога беше објавен и последниот извештај за напредокот.” – изјави Амбасадорот на Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп.