Државната комисија за спречување на корупцијата од увидот во изданијата на Службен весник од 2021 година и по увидот во својата евиденција, утврдила дека во 710 случаи по избори и именувања односно престанок на функцијата не е исполнета законската обврска, односно во законски предвидениот рок од 30 дена лицата не поднеле анкетен лист до Антикорупциската комисија.
Против сите лица за кои е утврдено дека во законски утврдениот рок не ја исполниле законската обврска за поднесување анкетен лист до Антикорупција, информираше на денешната седница Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, ќе им се издаде прекршочен платен налог, за сторен прекршок во членот 82 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.