ДКСК продолжува да постапува по сите предмети со еднаков пристап без оглед кој е подносител

Сподели

 

Државната комисија за спречување на корупцијата при постапувањето по конкретни предмети поднесени од физички лица, користи редовна практика да одржува состаноци по барање на подносителот или по сопствено наоѓање со цел да се допрецизираат или појаснат наводите, односно сомнежите изразени од подносителот.

Во функција на непристрасен и отворен пристап во постапувањето по предметите, во изминативе 12 месеци се одржани повеќе од 100 состаноци со граѓани  без оглед на нивната функција и место во општеството. Податоците и информациите што се добиваат од овие состаноци, ДКСК ги користи во своето постапување, а конечните резултати ги соопштува на јавни седници.

Како и досега, ДКСК во своето постапување ќе се раководи од начелата на законитост, праведност и интегритет, без  оглед на тоа кој е подносител и против кој е поднесена пријавата и  ќе се води по принципот на еднаков третман на сите предмети, без исклучок.

ДКСК и во изминатиот период покажа решителност и непристрасност во постапувањето по предметите. Ваквиот проактивен пристап на работење на Комисијата посебно е забележан и во последниот работен документ на Европската Комисија, во кој е истакната важноста ДКСК да продолжи со постапувањата по предмети со наводи за непотизам.