79 години од смртта на Коста Солев Рацин
Да бидеш човек, да имаш топла крв,
да мислиш со глава и да работиш со рака
и па да бидеш нешто мртво.
През цел свој живот и ден и ноќ
да се трудиш и мачиш
и па да бидеш гладен и страден.
Работник – патник:
да немаш ништо, да страдаш за сичко –
а ти и твоите браќа да праите се!
Палати да праиш
да живееш у изба –
од лулка до гроб
да бидеш роб.
Од вашата мака
да живеат друзи!
О, братко! Плукни на таков живот!
Со браќата твои, со маката ваша,
сронете го овој свет
и нов направете –
братски!
Коста Солев Рацин, 1936 година