Награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ 2022 за Александар Трајковски и Лаура Папранику-Бејтула

Сподели

 

Публицистот Александар Трајковски за остварување во областа на публицистиката и новинарката Лаура Папранику-Бејтула, за остварувања во областа на новинарството се добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“.

 

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата на седницата одржана на 24 ноември, врз основа на членовите 1, 2, 7, 12, 16, 17 и 18 од Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември, во свечената сала на Собранието на Северна Македонија.