Доделени 14,4 милиони денари на Општина Ѓорче Петров за подготовка на новиот Клинички центар

Сподели

 

 

На вчерашната седница, Владата на Општина Ѓорче Петров и додели 14,4 милиони денари (234.000 евра), за изработка на урбанистичко проектни документации, основни проекти за инфраструктура и елаборат за геолошки и геомеханички својства на почвата за местото Веле Поле, каде што треба да се гради новиот Клинички центар.