Со наградата „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот и заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
Оваа година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија, наградите се доделани на проф. д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор, во областа на воспитанието и образованието, во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на писателот, Јован Павловски, м-р Снежана Анастасова Чадиковска, музички уметник и на Елена Дончева, академски сликар – костимограф.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 8 декември – Ден на св. Климент Охридски. Државната награда „Св. Климент Охридски“ за првпат е доделена во 1969 година.