Договор нема – преговорите продолжуваат утре

Сподели

12

Без договор заврши маратонската преговарачка сесија на работните групи на политичките партии со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав за реформите во медиумите и прочистувањето на избирачкиот список.

Амбасадорот на САД, Бејли, рече дека не е разочаран бидејќи некогаш за да се постигне договор е потребно повеќе време.

– Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да ви соопштам дека е постигнат договор, но можам да ви кажам дека ќе продолжиме со разговорите. Не сум разочаран што денеска не е постигнат договор, затоа што за тоа понекогаш е потребно подолго време – рече Бејли.

Претставниците на политичките партии денеска дадоа изјави и оценки за разговорите кои продолжуваат утре.

meta.mk