Договорени нови заеднички истражувачки проекти на македонскиот и албанскиот Архив

Сподели

 

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и неговиот заменик, проф. д-р Музафер Бислими во Тирана остварија официјална средба со директорот на Генералната дирекција на архивите на Албанија, проф. д-р Ардит Бидо.
 
 
 
 
Во разговорот, меѓу другото, беа договорени нови заеднички истражувачки проекти, како и вклучување на албанските Архиви во нашите активности поврзани со изложбите: ,,Стари балкански фотографии” и ,,25 години од смртта на Мајка Тереза”.
 
 
 
 
При престојот во Тирана беше посетен и Македонскиот културен центар, каде што, на средбата со директорот Златко Ориѓански, беа донирани нови историски изданија на Државниот архив и беше договорена идна соработка и презентација на изложби и дела поврзани со нашата историја, култура и традиција.