ДОМ бара промена на политичкиот систем кој ги суспендираше институците

Сподели

Итно да се пристапи кон промена на изборниот модел во државата  со цел да се отвори можност квалитетни, компетентни и надпартиски кадри да добијат можност да извршат ресетирање на постојниот општествен систем.

Тие кадри треба да воведат систем на меритократија, унифицирани стандарди и процедури, ќе ги преработат законите и правилниците кои дозволуваат двојни аршини и слободно толкување.

Само изборниот модел каде државата е една изборна единица, со отворени листи ќе обезбеди излегување од волшебниот круг на клиентелизам и партизација на општеството, се наведува во барањето на ДОМ.