Историјата нѐ обврзува ништо и никого да не заборавиме и да ги чуваме спомените и сеќавањата на светлите датуми и големите борци заради нас и идните поколенија, се вели во честитката на ДОМ.
Го чествуваме Илинден за да се сетиме на судбините на нашите предци, да оживее сеќавањето на жртвите и на стремежот на македонскиот народ за слобода, но и да не згасне факелот на нашата државност и идентитет.
Илинден е темел на нашата државност и постојан патоказ за нашата иднина, потврда за нашиот идентитет, нашата историја, јазик и култура.
Илинден е дел од сите нас и ние треба да живееме со него, да им оддадеме почит на илинденските борци и да се гордееме со нивните дела. Втори август е најсветол датум, ненадминат настан од нашата историја што не може и нема да се заборави.
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ 2 АВГУСТ – ДЕН НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ!