ДОМ: Јаневски кандидат за градоначалник на ДОМ и ЛДП за општината Ѓорче Петров

Сподели

 

Граѓанското движење на ДОМ и ЛДП, во паркот во општината Ѓорче Петров го претстави кандидатот за градоначалник д-р Љупчо Јаневски.

“Целта на граѓанското движење е општините да ги направиме вистински дом на сите луѓе. Нашата визија е за оддежлив зелен развој на секоја општина, ставајки крај на бетонизирањето на јавниот простор. На сите нас ни е потребен чист воздух, чиста вода за здрав и квалитетен живот,” истакна претседателката на зелената партија  ДОМ Маја Морачанин.

“Како кандидат за градоначалник на општината Ѓорче Петров нудам програма за прва зелена општина во нашата земја. Дел од Зелениот план за Ѓорче содржи: урбано хумано планирање, три нови паркови, паркови за домашни миленичиња, велосипетски паркинзи, велосипетски патеки, инвестиции во зелена економија, дигитализација на општината, хоризонтални зелени sидови, мерни станици за аеро загадување, отворена општина за младите, развој на руралниот туризам, – истакна кандидатот за градоначалник д-р Љупчо Јаневски.