ДОМ: Поддршка на граѓанскиот протест за сечата на ул. Орце Николов

Сподели

 

 

 

Зелената партија ДОМ го поддржува утрешниот граѓански протест поттикнат од сечењето на дрвјата на улицата Орце Николов.

Апелираме до Град Скопје и општините на своите веб страни да ги објавуваат проектите за реконструкција на улиците, сите решенија за сечење на дрвјата и податоците од Зелениот катастар.

Зголемената транспарентност ќе придонесе кон зголемување на  довербата на граѓаните во институциите.