ДОМ: Зошто се сече дрворедот на “Орце Николов”?

Сподели

 

 

 

Зелената партија ДОМ, со голема загриженост ги следи фотографиите и реакциите на социјалните мрежи за сечата на дрворедот на “Орце Николов”.

Јавно поставуваме прашање до општина Центар, зошто е направен овој “масакар” врз дрворедот? Зошто се сечат дрва без никаква најава и објаснување? Да не забораваме дека на вака “зацементиран” град каде што се случува урбанистички хаос, секој ваков дрворед е важен за благостостојба на граѓаните и на животната средина.

Зелената партија ДОМ апелира итно да престане сечењето на дрвјата, да се обнови дрворедот и да се обезбедат нови зелени површини во општина Центар.