Доналд Трамп стави потпис на санкциите за Русија

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законот со кој се воведуваат санкции за Русија поради мешање во минатогодишните американски избори, а санкции се предвидени и за Иран и за Северна Кореја.
Членовите на Конгресот речиси едногласно се изјаснија за легислативата, што им овозможи да отстранат секаква шанса за вето од претседателот.

Законот поставува нови ограничувања за американските компании што работат со руски енергетски компании и ги кодифицира санкциите поставени од поранешниот претседател Барак Обама.

Законот што Трамп го потпиша беше карактеризиран во една од изјавите на претседателот како испраќање јасна порака до Иран и до Северна Кореја дека американскиот народ нема да толерира опасно и дестабилизирачко однесување.

meta.mk