Доживотен затвор за убиецот на Танкица Младеновска

Сподели

Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за убиецот на Танкица Младеновска од Кочани.

Убиецот, Усеин Рашидов, е осуден на доживотен затвор за кривичното дело – убиство врз жена извршено при родово базирано насилство и на свирепен и подмолен начин.

Ова е важна пресуда за постигнување на правдата за овој монстуорзен настан, но и за жртвите на родово базирано насилство. Судот ја примени максималната казна за ова свирепо убиство, и за прв пат и обвинителството и судот го препознаа фемицидот како најтежок облик на насилство врз жената при вршење на родово базирано насилство.

Убиецот ја призна вината за убиството но не и дека ја уценувал, па за ова дело постапката ќе продолжи.

Ваквите настани ја потврдуваат важноста на поддршката за жените жртви на насилство и засилувањето на механизмите за нивна заштита.

Да потсетиме дека сите институции имаат обврска да постапат со должно внимание, и за секој еден професионалец кој не постапил, пропуштил да постапи или непрофесионално делувал во ваквите случаи – бараме да бидат соодветно санкционирани. Само заедно можеме да се бориме против насилството и да создадеме посигурна заедница за сите нас, се наведува во денешното соопштение на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

#ПравдаЗаТанкица#Фемицид#РодовоБазираноНасилство