Во рамките на манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“, на сцената на Драмски театар Скопје, денес (04.09), со почеток во 19:00 часот, ќе се изведе претставата „Светица на темнината“ во продукција на Б Глад од Загреб, Хрватска.
Со оглед на тоа што самата претстава со нејзиниот квалитет ќе придонесе за достојно одбележување на манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“, а од друга страна ќе даде можност на македонската публика да види еден успешен проект на реномираната хрватска продукција и претстава работена по текст на Венко Андоновски во која главната улога ја има големата хрватска актерка со македонско потекло Костадинка Велковска.
Претставата е во режија Ивана Пренош. Костимографијата е на Дорис Крстиќ, музиката на Аноушка Шанкар и Игор Д. Савин. Улогите ги толкуваат: Костадинка Велковска, Миа Крајчар, Велимир Чокљат, Илир Тафа, Шишко Хорват, Мајцан Шанкар, Љиљана Чокљат и Дубравко Сидор, а како продуцент Тадија Коловрат.
Билетите за оваа претставата се бесплатни и може да се подигнат на билетарницата на Драмски театар.