Драмскиот театар од Скопје со претставата „Чудесна терапија“ утре, сабота, 20 мај, гостува во Сараево каде што од 19 до 25 мај, во организација на „Камерни театар 55“ – Сараево, се одржува најновото издание на регионалниот театарски фестивал „РУТА“.
Претставата „Чудесна терапија“, во режија на Димче Николовски, е направена според текст на авторот Даниел Глатауер. Улогите во претставата ги играат: Маја Вељковиќ Пановска, Соња Стамболџиоска и Предраг Павловски.
Премиерата на „Чудесна терапија“ беше во септември 2019 година и досега има 28 изведби.