ДС: Политичката криза е контролирана од раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Централниот совет на Демократскиот сојуз, расправаше за актуелната политичка состојба во земјата, при што оцени дека се работи за контролирана политичка криза од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, која може да излезе од контрола и да се случи дестабилизација на државата од пошироки размери, со можни тешки и неизвесни последици.

„Демократскиот сојуз смета дека така наречената “Албанска платформа” се користи за поттикнување на национализам и нарушување на соживотот во Македонија, како и за интеретнички конфликти.

Затоа, Демократски сојуз апелира сите партии, експерти и новинари, да се повлечат од оваа “декларација, меморандум или платформа“ и да престанат да ја експлоатираат, а за сите прашања да се отвори демократска и аргументирана расправа и обезбеди граѓански и политички консензус при нивното решавање.

Демократскиот сојуз смета дека сите партии и граѓани знаат дека Влада може да формира партија или партии кои имаат најмалку 61 пратеник, а не помалку и дека должност на Претседателот на Република Македонија е да го даде мандатот на партиите кои имаат мнозинство во Парламентот.

Промената на власта е логична и потребна, за што се определија над 700 илјади граѓани од сите етнички заедници.

Промените значат, одговорно владеење и создавање услови за јакнење на капацитетите на демократските институции, владеење на правото и можно преиспитување на политиките на претходната власт.

Демократскиот сојуз оценува дека мирниот и демократски трансфер на власта е во интерес на сите граѓани, како и во интерес на стратешките и националните државни интереси.

Пролонгирањето на промените и натаму ќе ја усложнуваат состојба која може да излезе од контрола и да бидеме вовлечени во хаос.

Блокада и парализа на државните институции се доволни индикатори за загриженост и одговорност од сите политички субјекти во државата.

Демократскиот сојуз ги повикува службите за безбедниот и полицијата, да ги превенираат сите можни активности против Уставниот поредок, да обезбедат стабилен јавен ред и да спречат нарушувања на безбедноста со цел да се спречи мирен трансфер на власта.

Демократскиот сојуз оценува дека се созреани условите за избор на претседател на Собранието и реформска Влада на Република Македонија, додека локалните избори треба да се одложат најмалку за месец септември“ се вели во соопштението од Демократски сојуз.