ДУИ објавува повик за кандидати за советници во Гостивар

Сподели

 

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), за првпат објавува Јавен повик
со кој ги повикува граѓаните на Гостивар да го искажат својот интерес 
за да се кандидираат за советник во Советот на општина Гостивар од
редовите на Демократската Унија за Интеграција.
 
 
ЈАВЕН ПОВИК за кандидати за советници во Советот на општина Гостивар за локалните избори во 2021 година.
 
Демократската Унија за Интеграција одлучи да понуди можност за
кандидатури дури и за личности кои не се дел од нашите партиски
структури.
 
Затоа, ги покануваме сите заинтересирани кои ги поддржуваат нашите
политики и се подготвени да придонесат за нивната општина, да се
кандидираат како кандидати за советници за локалните избори на 17
октомври 2021 година.
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
 
Да се полнолетни, односно да наполниле 18 години (во согласност со член
7, став 2, алинеја 1 од Изборниот законик);
 
Да се државјани на Република Северна Македонија;
 
Да се способни за работа и да се способни во аспект на општото здравје;
 
Да имаат способност за работа (во согласност со член 7, став 2, алинеја
2 од Изборниот законик);
 
Во целост да ги почитуваат законските прописи на РСМ и да не се во
процедура за активност што е спротивно со законот;
 
Целосно исполнување на условите предвидени со закон;
 
Подготовка и презентација на програма со идеи, визија и проекти
предложени за развој на општината за периодот 2021-2025 година.
 
Со поднесување на кандидатурата, мора да се поднесе и следново:
 
1. Биографија / CV;
 
2. Мотивационо писмо;
 
3. Програма со предлог-идеи и проекти за развој на општината;
 
Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат своите кандидатури до
15.08.2021 година, на емаил адресата: zgjedhjet@bdi.mk