Двајца алпинисти починале од висинска болест на Монт Еверест

Сподели

Двајца алпинисти, од Холандија и Австралија починале, најверојанто од висинска болест, додека се спуштале од планинскиот врв Монт Еверест, јавуваат светските медиуми.

Ерик Арнолд (35), кој се жалел на исцрпеност, починал во петокот вечерта, додека Австралијанката Марија Старјдом, која имала симптоми на висинска болест, починала вчера попладне. Двајцата биле дел од истиот експедициски тим.

Според информациите, уште 30 алпинисти имаат симптоми на болеста или добиле премрзнатини додека се обидувале да го освојат врвот.

vesti 23.05 4

Станува збор за први смртни случаи на Монт Еверест оваа година, откако алпинистите по две години повторно почнаа да го освојуваат највисокиот планински врв на светот.