Руската тенисерка Марија Шарапова доби двегодишна суспензија за натпреварување поради позитивниот тест за допинг што го имаше на „Австралија опен“, соопшти Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ).
ИТФ ја одреди казната за Русинката, која беше позитивна на супстанцата „мелдониум“, која од 1 јануари 2016 година е на списокот забранети супстанци.
Лекот се користи за срцеви заболувања, но помага за проширување на крвните садови, а со тоа и подобрува одредени физички способности, Шарапова го користи подолг период, од 2006 година, по препорака на доктор, меѓутоа тоа не го навела во пресрет на тестот за допинг.
ИТФ истакна дека суспензијата од две години ќе се смета од 26 јануари 2016 година, денот кога било откриено дека Шарапова е позитивна на „мелдониум“.
Две години суспензија за Шарапова поради позитивниот тест за допинг