DW: „Македониум“: една слика – илјада зборови!

Сподели

download-2-1

И дождот кој вчера обилно му го „честиташе“ празникот на Крушево, откри дека тој многу побрзо влегува во споменикот „Македониум“, отколку оние што треба да ги санираат последиците од него

Катерина БЛАЖЕВСКА

Една слика – илјада зборови! Оваа омилена реченица на поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера блесна во сиот „сјај“. Фотографијата што ја објави СДСМ од положувањето цвеќе во чест на празникот Илинден, откри во колку лоша состојба е внатрешноста на споменикот „Македониум“ („Илинден“). Протекувањето низ витражните прозорци по секој дожд, оставило јасни цртежи на ѕидовите, чија форма се менува во зависност од количеството на влага и насоките во кои се шири мувлата.

0,,17074135_303,00

Даница Павловска, пранешна претседателка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) вели дека е недозволиво и неодговорно споменикот да се остави, па дури и празнично да се прикаже во таква состојба.

„Подготовката на вакви манифестации не треба да биде фокусирана само на поставување на сценографија за говорниот сегмент, туку и на подготовка на целиот простор кој сведочи за значењето на она што се прославува. Дури и во случај да не е дефиниран режимот на заштита на толку значајно споменично обележје, по овој повод требаше да се има однос кон него како кон многу висока вредност, бидејќи и тој е сегмент од вкупната ‘сценографија’“, укажува Павловска.

За жителите на Крушево, грдите внатрешни слики од споменикот не се новост.

„Вака е со години. Додека се фрлаат пари за нови споменици, постојните и најзначајните се препуштени на пропаѓање. И нормално дека сега сите се изненадени, бидејќи овде доаѓаат од Илинден на Илинден. A деновиве во градот има луѓе од цела Европа, заради претстојното предевропско првенство во змајарство. Многу од нив веќе го посетија споменикот и се разочараа од состојбата. Еден од гостите ми вели: ‘Многу убаво изгледа градот кога летаме и го гледаме од горе. Но, не изгледа добро кога ќе слетаме долу’“, раскажува крушевчанецот К.М.

Текстот во целост прочитајте го тука

 

DW.COM