DW: Политичкото наследство на Кол

Сподели

„Татко на германското единство“ е прекарот кој Хелмут Кол поради својата политичка активност го доби кај Германците. Неговите историски заслуги се големи.

Дури погледнато и од актуелна перспектива, влијанието на Хелмут Кол сѐ уште е големо во Германија и во Европа , ако се има предвид дека тој е   „политички татко“ на сегашната предводничка на Германија и на Европската Унија, Ангела Меркел. Кол актуелната германска канцеларка ја нарекуваше „свое девојче“. Тој беше првиот канцелар на повторно обединета Германија. 16 години беше на функцијата, подолго од сите други канцелари.

dw.com