DW: Важноста на изборите во Франција и опасноста од распад на ЕУ

Сподели

Француското предизборие се заканува да ја турне ЕУ во бездна. Страдаат не само Французите, туку и граѓаните од земји кои сакаат влез во Унијата. Во колумната „Моја Европа“ Крсто Лазаревиќ пишува за копнежот по Европа, за Дојче Веле пишува Крсто Лазаревиќ.

Франција избира меѓу еден демократ и еден десен ескремист. Со оглед на тоа што мнозинството Французи се демократи, а не десни екстремисти, Емануел Макрон ќе победи на изборите в недела (07.05.2017).

Но шокот од Брезгит и престедателските избори во САД сѐ уште е длабоко во коските на Европејците, па континентот со напрегнатост гледа во насока на Париз. Се стравува дека доколку Марин Ле Пен навистина стане претседателка на т.н. Петта француска република, тогаш овие избори во Франција за сите Европејци се поважни од изборите во сопствените земји.

Имено, во таков случај, француските избирачи во име на сите нејзини граѓани ќе ја фрлат ЕУ во тоалет и ќе пуштат вода. Но иако размазените ЕУ-граѓани понекогаш забораваат: има земји кои сѐ уште сакаат да станат членки на Унијата.

Луѓето во Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово и Македонија со интерес гледаа кон француската предизборна борба. Тие се земји кандидати за приклучување кон ЕУ и повеќето граѓани посакуваат борба против корупцијата, борба против сиромаштија, мир, слобода на печатот и правна држава. Она што повеќето граѓани на ЕУ денес сметаат дека е нешто што им припаѓа и што се подразбира само по себе, за многу луѓе од Југоисточна Европа се сѐ уште далеку. Во Турција актуелно може да се види што цути во вакви земји кога ќе се оддалечат од ЕУ.

Ле Пен и хушкачите на војна во ЈИЕ

Марин Ле Пен и останатите сили кои се непријателски поставени кон ЕУ се и политички сопатници на екстремисти како што е српскиот пропаганден експерт Војислав Шешељ. Кога на една прес-конференција на неговата партија во Белград еднаш го прашав Шешељ како мисли да спречи приклучување на Србија кон ЕУ, тој одговори: „Србија никогаш нема да стане членка на ЕУ, затоа што ЕУ претходно ќе се распадне.“ Во таа смисла, Марин Ле Пен седи во истиот брод со обвинетиот српски воен злосторник Војислав Шешељ.

Со оглед на тоа што Марин Ле Пен не е претставник на пристојноста и политичката коректност, човек не би требало да се стеснува и јасно да каже што е таа и за што се залага. Описот на Марин Ле Пен како расист е ублажување на она што таа навистина е. Марин Ле Пен е најголемото мозолче на акната на ксенофобијата, омразата и заостанатоста која се шири на лицето на Европа.

Frankreich präsidentschaftswahl Plakte Macron Le Pen (Reuters/R. Pratta) Во вториот круг од изборите се избира меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен

Ширењето омраза и лаги кон кон малцинствата е дел од нејзината програма. Екстремниот национализам и подготвеноста на харизматичните лидери да добиваат наклонетост нудејќи едноставни решенија, не се нови во Европа. Сето тоа може да се проучи на примерот на распадот на Југославија. Реториката на Марин Ле Пен и нејзиниот политички стил делуваат како да им била ученик на хушкачите на војна во ЈИЕ.

Таа присуството на муслимански верници во Франција го спореди со окупацијата од страна на нацистите во Втората светска војна. Таа е поопасна од нејзиниот татко, кој гасните комори ги означи како „детал од историјата“. Поопасна е затоа што ја има ставено маската на умереност и некои Французи се залажани. Тоа што денес е воопшто можна победа на Марин ле Пен може да им го заблагодариме на две групи во Франција: конзервативните католици и левичарите.

Според истражувачите на јавното мислење, 23 проценти од избирачите кои гласале за Франсоа Фијон сега сакаат да гласаат за Марин ле Пен. Нивното отфрлање на отворено општество е толкаво што му даваат предност на десен екстремист наместо на еден либерал. Конзервативниот Фијон и десните екстремисти во кампањата се фокусираа на исти теми: миграција, безбедност и борба против тероризмот.

Колумната во целост прочитајте ја тука