Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, бројот на сиромашни граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата во земјава во 2020 година изнесувал 451.900.
Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, стапката на сиромашни лица во 2020 година изнесувала 21,8 проценти, што е зголемување во однос на 2019 година кога тој процент изнесувал 21,6 проценти.
Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 20,7 проценти, стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7 проценти. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31,4 проценти.
Поразителен е податокот што најголема стапка на сиромаштија е токму кај децата до 17 години, каде во сиромаштија живеат 30,3 отсто.