Пописот во земјава продолжува да се спроведува со несмалено темпо и заклучно со вчерашниот ден, до 20 часот биле попишани 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови, информираат од Државниот завод за статистика.
Преку апликацијата за самопопишување на лицата во странство, досега се самопопишани 193.982 лица од дијаспората, заклучно со денешниот ден во 7:30 часот.