Еднодневна планинарска акција на Караниколички Езера

Сподели

 

Во последната недела од летото еднодневна планинарска акција организирана од I love hiking заедно, на преубавата Шара со Караниколичките езера на 2180мнв и Караниколички врв 2409 мнв и Скарпа 2469мнв.
Турата е за сите видови на планинари од почетници до сите кои искачиле по некој врв оваа сезона. Целта на овој ивент е дружбата и апсорбирањето на последните летни сончеви зраци во комбинација со чистиот воздух покрај планинското езеро.
 
ОПИС НА ТУРАТА:
Искачувањето за сите учесници започнува од с.Вешала на 1250 мнв , за тие што ќе сакаат повеќе да лежат покрај езерото турата ќе заврши на 2180 мнв со висинска разлика од 930 метри (Водно и пол) со должина од 12 км во двата правци. ( 6км во правец )
 
**За оние кои се чувствуваат поентузијастички и нема да сакаат да застанат ќе можат да го качат и врвот Караниколица (2409 мнв), врвот Скарпа (2469мнв) и, ќе имаат 250 мнв и 2км повеќе од другите. Сите кои ќе качуваат кон врвовите, ЗАДОЛЖИТЕЛНО е носење на планинарски кондури или високи обувки кои го заштитуваат зглобот на ногата.
Глетките ќе бидат фантастични за сликање особено од Караниколички врв од каде ќе се гледа цело Косовско Поле и Проклетие, додека во МКД ќе имаме нова перспектива кон Лешница и Голем Турчин . Самата патека е живописна се поминува покрај Караниколската река, покрај понори и камен мост. Сликањето на камениот мост над понорт треба да се изведува со посебно внимание!
 
Oд селото Вешала после еден час има чешма каде може да се наполни вода, а од чешмата до самите езера се потребни два часа.
Турата е организирана со комбиња и се поминува од кај с.Шипковица по лош пат до с.Вешала. Организторот не презема никаква одговорност за тие што планираат да дојдат со сопствен превоз, поради оштетување на возилото и немање никакво место за паркинг.
Секој што планира да дојде со сопствен превоз должен е да плати котизација за учество во акцијата, се е со цел за да се намалат автомобилите во планинското село каде нема паркинг.
 
ПРОГРАМА:
– Тргнување од Пошта 2- Железничка станица Скопје во 06:00 часот
– Пристигнување во с.Вешала (1250 метри)
– Искачување до езерата, голем одмор, слободни активности
– Една група останува тука а, другата група се упатува кон врвот Караникола (2409 метри)
– Одмор на врвот и враќање кон езерото
– Собирање и враќање кон превозот.
 
ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
ЦЕНА за организиран превоз ОД СКОПЈЕ е 600 денари.
Цена за со сопствен превоз е 300 ден по човек.
Вторник – Петок: Паблик Рум 17:00-19:00часот
Сабота: Паблик Рум 12:00 до 14:00 – доколку има останати места
– Пријавување најдоцна, до 18-Септември. 14:00 часот или до пополнување на местата.
– Резервацијата важи се додека нѐ се пополни бројот на учесници, потоа не важи.
– Секој кој не сака да уплати средства на клубот или да потпише изјава, ќе биде замолен да не ја оптоварува организацијата
– За да не дојде до оптоварување на турата, задолжително е пријавување однапред.
 
ПОПАТНО ЗАСТАНУВАЊЕ
– Автобуската кај Симпо
– Автобуската каj хотел Карпош,
– CityMall
– Автобуската на кружниот во Ѓорче Петров
 
ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ
Стефан ✆ 077/ 617 617
Славко ✆ 070/ 742 255 (по 16.30 ч.)
Дејан ✆ 071/ 212 808
 
ВОДИЧ НА АКЦИЈАТА
Дејан ✆ 071-212 808 – dejan@hiking.mk
 
УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : ПК ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462