Економска Слобода – One can! и One made!

Сподели

One can! и One made! ги повикуваат сите жени и девојки на 8. јуни, кои се дел од дискриминирани, малцински, ранливи групи: самохрани мајки; жртви на семејно насилство; девојчиња од еднородителски семејства; жени и девојки од верски или етнички малцинства; девојки со посебни развојни потреби или потекло од специфична семејна конструкција, како и сите активистки; блогерки; инфлуенсерки, социјални воинки кои се борат за родова еднаквост…

„Ве покануваме да земете учество во тренинг програмата која ќе Ве зајакне во однос на социјално претприемачки вештини и ќе Ви овозможи да станете дел од семејство на ONE MADE, One can social business Group, да научите како да раснете економски за да можете да си ја овозможите слободата по која сонувате. И сето ова преку еко свесна, органска козметика, емпатично опкружување и професионални тренери и искусни менторки кои ќе Ве водат низ тренинг програмата.“

Тренинзите се составени од два дела: теоретски и практичен дел со цел стекнување вештини, самодоверба и знаења кои водат кон економска слобода.

Средбите се одржуваат два пати месечно и солидарно споделуваме искуства со успешни претприемачки, тренери и менторки

Со љубов,

тимот на ЕДНА МОЖЕ!

Линк за пријава на учеснички:
https://goo.gl/forms/yQNrmOWRJ4FrufJ42

Линк за пријава на менторки:
https://goo.gl/forms/NfQVbPh50Va0mJWu1