Силна експлозија одекна во центарот на Истанбул во близина на автобуска станица во областа Везнечилер. При експлозијата две лица загинале, а осум се повредени. Мета на нападот бил полициски автобус.
Голем број возила на итна медицинска помош се упатија кон местото на експлозијата.
Нападот се случил во раните утрински часови, во време на најголемиот метеж во близина на историскиот дел на градот.
Во последните неколку месеци се случија повеќе експлозии во Турција. За време на експлозијата во Истанбул во мај годинава загинаа осум лица, а во март во близина на автобуската станица во Анкара загинаа 37 лица.
Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, а неодамнешните напади во Турција ги изведоа припадници на Исламска држава, курдски екстремисти, како и припадници на радикалната левица.