ЕПИЦЕНТАР: НАДЕЖНИ АМБАСАДОРИ

Сподели

path_1623

Бившите македонски амбасадори Ристо Никоски и Димитар Мирчев иако одамна во пензија не губат надеж дека еден ден би можеле повторно да бидат испратени на некое амбасадорско место.  Едниот како огнен пропагатор и бранител на политиката на Никола Груевски и неговата партија, другиот како верен следбеник и афирматор на животот и делото на претседателот Ѓорѓе Иванов, не пропуштаат прилика во своите чести јавни настапи во провладините мегафонида ги воспеат големите достигнувања на актуелната власт и за возврат, ако е можно староста да ја поминат на заслужна дипломатска печалба.

Интересно е дека и обајцата својата дипломатска кариера ја започнаа во времето на владеењето на Киро Глигоров и Бранко Црвенковски; Никовски како амбасадор во Лондон, а Мирчев како амбасадор во Љубљана каде сесредно се залагаа за евроатланските интеграции на Македонија, за нејзиниот прием во НАТО и ЕУ. Денес, меѓутоа, согласно поставените задачи на ново – компонираната (анти) западна политика на Груевски, тие коренито ги променија своите ставови: Никовски стана заколнат противник на сè што асоцира на натовска, американска и европска ориентација, како опасна и погребна за македонската држава и народ, додека Мирчев во улога на дел од советничкиот тим на Иванов заговара некој вид алтернативен меѓународен модел, нешто слично на српското седење на две столици: формално, со Западот, а истовремено и со Истокот, па и со подалечниот Исток.

Како што е познато, во функција на една таква надворешна политика неодамна за Бразил замина нивниот истомисленик Ивица Боцевски и не ќе биде ништо чудно ако нему му се приклучат и двајцата дипломатски доајени, како награда за нивното посветено служење на своите партиски ментори.