Епицентар: СУДБИНАТА НА СЈО

Сподели

katica_nasmeana

Како тргнале работите со блокадите и опструкциите на власта кон Специјалното јавно обвинителство, придружена со хистеричната оркестрација на провладините медиуми во оцрнувањето на тимот на Катица Јанева, логично е да се очекува еден ден и самото СЈО да се најде на обвинителна клупа. Против негови членови веќе се поднесени неколку кривични пријави и нема ден криминалната власт да не смисли некоја нова ујдурма за наводни незаконитости во неговото работење. Целта е јасна и недвосмислена: да се спречи истрагата за многубројните кривични дела извршени од страна на највисоки државни и партиски функционери и по можност, во Уставна постапка да се поништи функционирањето на СЈО.

Инаку, и бившиот премиер Груевски, и сегашниот претседател на државата Иванов, и претседателот на парламентот Вељановски, пред јавноста мајтапџиски фолираат дека божемски тие немаат ништо против работењето на СЈО, но само под услов тимот на Јанева повеќе да не се занимава со гонење на криминалот, туку да почне да плете кошнички од врбови гранки.

Што се однесува до меѓународните набљудувачи тие до здодевност папагалски советуваат да не му се прават повеќе пречки на СЈО, дури и во очигледни околности кога кутрото Специјално обвинителство со месеци стои заробено во железни кафези и оковано со синџири на вратот!