ЕРДОГАН ГИ ПОВЛЕКУВА СИТЕ ТУЖБИ ЗА НАВРЕДА КОН НЕГО

Сподели

Türkiye Yeþilay Cemiyeti, Haliç Kongre Merkezi'nde Global Alkol Politikalarý Sempozyumu düzenlendi. Baþbakan Recep Tayyip Erdoðan sempozyumda konuþma yaptý. 26 Nisan 2013 / Mehmet Ali Poyraz

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа во Анкара соопшти дека ќе ги повлече сите судски тужби кои ги има поднесено за навреда на неговата личност.

– Ќе простам и ќе ги повлечам сите тужби за многу случаи во кои сум бил навредуван и непочитуван – рече Ердоган на церемонијата организирана во спомен на загинатите и повредените лица во неуспешниот обид за воен пуч.

Досега се заведени 1.845 судски дела за навреда на шефот на државата, а меѓу оние за против кои е покрената тужба се лидерите на опозициски партии, како и лица кои објавувале негативни коментари за Ердоган на социјалните мрежи.

Ердоган досега има добиено неколку судски спорови за вакви дела.

Во меѓувреме, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун во телефонски разговор со Ердоган изрази загриженост поради масовните апсења во Турција по неуспешниот обид за пуч.

Генералниот секретар на ОН, кој телефонски разговарал и со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, ја повика Анкара да ги почитува човековите права и демократските принципи, вклучувајќи ја слободата на говорот и правото на собири. Бан исто така истакнал и дека е против одлуката за враќање на смртната казна во Турција.

Истанбулскиот суд им одреди мерка притвор на 17 турски новинари поради поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, глаавниот осомничен за неуспешниот државен удар извршен на 15 јули.

Дваесет и еден новинар вчера беа сослушани, од кои четворица беа веднаш ослободени.Новинарите се товарат дека припаѓаат кон „терористичка група“.