Во рамките на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечер во „Сули ан“ ќе се одржи концерт на Музичката младина на Македонија, во соработка со Меѓународната музичка младина (Jeunesses Musicales International), кој ќе претставува завршен концерт од кампот „Етно Македонија 24“.
– „Етно“ е програма на Меѓународната музичка младина (JM International) за народна, светска и традиционална музика, наменета за млади музичари на возраст од 18 до 30 години. Програмата се спроведува во 45 земји во светот и има цел да го оживее и да го одржи во живот глобалното културно наследство, ангажирајќи ги младите луѓе преку серија годишни меѓународни музички кампови – информираат од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје.