Европската Унија назначи 19 меѓународни судии во Специјалниот суд, што ќе ги разгледува кривичните предмети против косовските Албанци за злосторствата сторени за време на и непосредно по војната на Косово од Србија, пренесоа американските медиуми.
Новоназначените судии доаѓаат од 12 земји од Европската Унија и од САД и Канада.
Судот, лоциран во Хаг, има јурисдикција за злосторствата против човештвото, воени и други злосторства, што според косовското законодавство биле извршени меѓу 1 јануари 1998 и 31 декември 2000 година.
Специјалниот суд беше формиран минатата година и уште нема почнато со работа.