ЕВН го загрози уставно загарантираното право на здрава вода за пиење и здравјето на граѓаните

Сподели

 

ЕВН МАКЕДОНИЈА А.Д.Скопје, кршејќи го Уставот ја исклучи струјата на голем број Јавни комунални претпријатија поради доцнење на плаќање на фактурите. Со ова, неосновано и незаконски го доведе во прашање водоснабдувањето на населението.

ЕВН флагрантно ги прекршил правилата за снабдување со елетрична енергија во кој стои дека:„ Испораката на електрична енергија не смее да се прекине поради доцнење на плаќањето на фактурите, во рок утврден со договорот за снабдување, на потрошувачите кои имаат објекти и инсталации во кои со прекинот би се довеле во опасност животот и здравјето на луѓето, сигурноста на објектите и постројките, како и објектите кои се од посебна важност за одвивање на нормалниот живот на граѓаните, како што се: болници, клиники, специјални здравствени установи, станици за итна помош и друга итна интервенција, стационари, Заводи за трансфузија на крв, Центри за дијализа, Здравствени домови, пречистителни станици#.

Со договорот се предвидени и можни решенија за настанатите случаи, кои ЕВН не ги зел во предвид.

Со самоволната одлука, непочитувајќи го и не водејќи сметка за јавниот интерес ЕВН исклучи електричната енергија во објекти од витално значење.

За да не дојде до несогледливи и опасни последици, бараме ЕВН да ја вклучи електричната енергија во Јавните комунални претпријатија. Исто така бараме поддршка во разрешување на неповолната состојба и од Владата, Министерството за здравство и другите надлежни инстиртуции.

Од надлежните судови бараме да бидат донесени позитивни одлуки за времени мерки.

Бидејќи исклучувањето со снабдување на електричната енергија  е неуставно, а доверителите трпат штета Jавните комунални претпријатија се спремни да ги превземат сите законски постапки спрема ЕВН, се вели во реакцијата на АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија.