ЕВРОПСКА ИЗЛОЖБА 2020 #CreArt – Што ќе се случи ако?

Сподели

 

Град Скопје, кој е дел од европскиот проект CreArt. Network of Cities for Artistic Creation, упатува честитки до селектираните учесници од Скопје на Европска изложба 2020 – Дарко Алексовски и членовите на ОПА.

Кураторот и селектор, Пиетро Дела Гиустина ја направи следнава селекција на уметници по градови за учество на Европска изложба 2020 година:

– Клермонт-Ферранд: Жан Ромео; Валентине Траверс и Сара Вигиер;
– Авеиро: Родриго Малвар;
– Скопје: Дарко Алексовски; ОПА
– Ваљадолид: Јорге Пелигро,
– Џенова: Стефано Серета.
– Лече: Серена Граси,
– Каунас: Аисте Амбразевициуте,
– Љубљин: Симон Попиелец,
– Руен: Бернард Полиморфе
-Загреб: Весна Саламон,
– Ливерпул: Анти Кул

Третото издание на Европската изложба, насловена „Што ќе се случи ако? Изборот за изградба на алтернативна иднина“, како што веќе беше најавено ќе се организира во 2020 година во 3 града учесници во проектот #CreArt, а нивниот распоред и рута се следните:

Авеиро (Португалија) од Мај до 28 јуни 2020 година;
Џенова (Италија) во изложбениот салон на ,,Il Munizioniere inside Palazzo Ducale” од 13 јули до 22 август 2020 година;
Скопје (Република Северна Македонија) во ЈУ Музеј на Град Скопје, од 25 септември до 30 октомври 2020 година.