Европска недела на мобилност со “Вело Родео” – Скопје

Сподели

 

 

Во тек е одбележување на Европска недела на мобилност, која традиционално од 16-22 септември се врти вниманието на јавноста во обидот на подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт. Кампањата нуди можност на сите засегнати страни да се вклучат со практични решенија за справување со урбаните предизвици. Темата за оваа година е: Zero-emission mobility for all/Мобилност со 0 емисии за сите.

 

 

Во рамки на предвидените активности во реализација на Здружение на граѓани Еко Логик, преку програмата Вело Училишта, следи веќе претпознатливиот настан Вело Родео, кој ќе се одржи во Скопје, Градски парк, кај Школка, на 20.09 (недела), од 11:00-14:00 часот.  Истиот ќе биде поддржан од Делегација на Европската Унија во Скопје.

 

 

 

И оваа година, право на учество имаат сите ученици од основните училишта од 4то до 9то одделение кои имаат желба да возат велосипед како и активно и едукативно да се забавуваат преку:

 

  • Нашите едукативни игри кои ги имаме подготвено како: Еко Не лути се човече (во реална големина), Вело Меморија (мега верзија, карти и онлјан апликација), Еко квиз, Вело Маало,Твистер;
  • Покажување и унапредување на сопствените велосипедски вештини преку: полигонско возење со препреки, возење во круг, возење по даски и препреки, и многу нови вежби кои за прв пат ќе бидат промовирани оваа година. Дополнително во овој дел ќе има одвоено и простор за бавна трка, преку која учениците ја совладуваат и вежбаат својата координација, рамнотежа, тргнување и запирање.
  • Творење во рамки на креативна работилница и други изненадувања и активности.

 

Со голема радост Ве очекуваме заеднички да го дадеме нашиот мал придонес во подобрување на животната средина.

 

 

Настанот ќе се одвива според официјалниот протокол за организирање на јавни настани, запазувајќи ги сите здравствени мерки.