Европскиот парламент ја изгласа Резолуцијата за Македонија и Албанија

Сподели

 

Европскиот парламент со големо мнозинство и формално ја потврди поддршката за Северна Македонија и Албанија.

Со 412 гласа „за“, 136 „против“ и 30 воздржани, европратениците ја изгласаа резолуцијата со која ги повикуваат европските лидери на наредната средба да донесат одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.

За заедничката резолуција беа поднесени 17 амандмани кои се однесувааа на бришење на тоа дека Северна Македонија и Албанија беа блокирани од Франција Данска и Холандија.

Во документот се изразува жалење за одлуката од последниот самит, со која се испраќа негативен сигнал до земјите кандидатки и отвора можност за други влијанија.

„Политиката за проширување на ЕУ е најефективниот инструмент за надворешна политика на Унијата, а понатамошното распаѓање на таа политика може да доведе до сè понестабилна состојба во непосредното соседство на ЕУ“, се вели во резолуцијата.

Француското вето и неуспехот на европските лидери да постигнат консензус три дена беше тема на дебата во Европскиот Парламент. Поголем дел од нив, договорноста директно ја вперија кон францускиот претседател Макрон и го обвинија дека го поктопува европскиот кредибилитет на Балканот.

-Одлуката може да се гледа како назадување за улогата на ЕУ на Западниот Балкан и за проширувањето како стратешка инвестиција во мирот, стабилноста и развојот на ЕУ, Тути Тупураинен, министерка за надворешни работи на Финска

Одлуката на Макрон ја бранеа неговите и пратениците од неколкуте десничарски и популистички партии од Франција, Италија и Германија. Иако усвоената резолуција не е обрвзувачка, туку советодавна, од Владата велат дека документот сепак испраќа јасен сигнал до евроскептиците. Денеска со свој став на Твитер се огласи и најголемата партија во европскиот парламент, Европската народна партија.  Одлуката да се блокираат Северна Македониа и Албанија е стратешка грешка. Ја нагласуваме одговорноста на Емануел Макрон, се наведува меѓудругото во пораката.