Европскиот предлог достапен на македонски јазик

Сподели

 

Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на македонски јазик, го објави европскиот предлог и можете да го преземете на следниот линк:

 

 

Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите.

Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата.