„Европските денови на културното наследство“: Интерпретациска тура низ отоманското наследство на Скопје

Сподели

 

Како дел од манифестацијата „Европски денови на културното наследство 2021“, Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС, во недела (26 септември 2021 година), организира невообичаена едукативна интерпретациска прошетка низ отоманското наследство на Скопје.

 

 

Оваа едукативна прошетка во којашто се употребени методолошките принципи на интерпретацијата, создадена е со цел учесниците да поминат низ искуство, знаење, интеракција и секако многу забава додека го запознаваат културното наследство на главниот град.

Целта на „Едукативната интерпретациска тура низ отоманското наследство на Скопје“ е промоција на богатото културно-историско и архитектонско наследство на Македонија од османлискиот период. Оваа едукативна и интерпретациска тура се организира како дел од манифестацијата „Европски денови на културното наследство 2021“ под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.