Ресенскиот бенд “Extravaganza” издаде нов сингл и видео запис за песната “Само да си тука до мене”.
Музиката и аранжманот се дело на познатиот ресенски композитор Хари Котларовски, а текстот го напиша Јовче Воденичаровски.
Членови на бендот се Јовче Воденичаровски (вокал и гитара) и Крсте Калевски (гитара).
Групата има многубројни настапи скоро низ сите градови во Македонија, со повеќето обработки воглавно на поп рок песни.