ФАУСТ – театарска претстава

Сподели

MDfaustkulturninastani

Последната претстава на големиот Томаж Пандур, Словенско народно гледалишче

Во поставката на Фауст, големата копродукција на Словенско народно гледалишче и 63. Фестивал Љубљана, која за жал стана негова последна претстава во театарскиот опус, Томаж Пандур, признаениот и меѓународно најуспешниот словенечки театарски режисер, по трет пат во својата богата кариера се соочи со еден од најголемите европски митови. Иако Фаустовата приказна се темели на средновековната легенда за човекот, кој ја продава својата душа на ѓаволот, таа говори за чувството на оттуѓеност на слободниот човек и неговата потреба за разбирање на себе си и светот по поширокиот контекст на универзумот. Пандур со алхемичен процес ја преобразува легендата за Фауст во интелектуална и емотивна атмосфера на нашето време и создава своја сопствена поезија и вистина. При вечната борба против сеприсутното зло, го нагласува бескрајниот копнеж кон се што ни е недостапно или неостварливо: кон семејството, љубовта, младоста, убавината. Влегувањето во просторите на магијата, во пределите на космичките сфери, на Фауст, барем за миг, му овозможува доживување и исполнување, љубов, власт и моќ, а со крв потпишаниот договор со Мефисто – или со самиот себе – на крај го враќа во неговата самотија и минливоста на животот.

Во улогата на Фауст настапува Игор Самобор, Бранко Штрубеј е Мефисто, Барбара Церар – Г-ѓа Мефисто, Полона Јух – Маргарета, Бранко Јордан – Валентин, Урош Фурст е Шеф на кабинетот и Роберт Корошец, Филип Самобор, Жан Перко и Матиц Лукшич како членови на кабинетот. Драматург и автор на адаптацијата на преводот на Божа Водушка и Ерик Воук е Ливија Пандур, сценограф е Свен Јонке (NUMEN), костимограф Фелипе де Лима, лектор Татјана Станиќ, дизајнер на видео Доријан Колунџија, композитор Примож Хладник и Борис Бенко (SILENCE) и дизајнер на светло Томаж Пандур.

Претставата трае 149 минути со една пауза од 15 минути.

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МНТ.

Цената на билетот за партер изнесува 600 ден.

Цената за прва и втора галерија е 400 ден.