Никогаш не сум сакал да тужам новинари, па затоа и сум го избегнувал тоа. Секогаш сум ги поддржувал, бидејќи медиумската слобода е еден од основните показатели за тоа колку е едно општество (не)демократско.
Но ова не можам и не смеам да го премолчам, бидејќи е невистинито, подмолно и крајно тенденциозно. Во моментов, службите на Општина Центар го финализираат демантот на текстот и изнесените лаги во него, и тој наскоро ќе биде прат…ен во вид на соопштение до јавноста.
Затоа, ќе се видиме на суд, каде новинарот ќе мора да го докаже тоа што го напишал.
Се разбира, знам зошто е текстот сега нарачан и објавен, токму пред локалните избори. Доволно долго сум во политиката за да можам да го препознаам главниот мотив. Затоа, сакам јавно и јасно да им порачам на оние кои стојат позади овие клевети: ќе мора да се потрудите многу, многу повеќе за да ја остварите својата цел.
Се гледаме на суд, и се разбира… на избори.
Фб статус, Андреј Жерновски