Не направија мајмуни!
Сега веќе не е важно што кажале од компанијата Ериксон.Сега е важно што понатаму откако ни е јасно дека сме излажани во врска со чекањето на експерти од Ериксон кои требаше прво да му дадат дозвола на СЈО за пристап до опремата а потоа и да му пружат техничка помош за да ги извадат потребните податоци од неа.Кој го излажа СЈО, но и Оливер Спасовски кој вети чување на опремата додека дојдат експертите од Ериксон за кои слушнавме дека ниту ќе дојдат ниту имаат намера да доаѓаат. Кој ја смисли лагата со потребната техничка помош од Ериксон и го одложи спроведувањето на судскиот налог? Нели е тоа попречување во спроведувањето судски налог, обструкција на правдата и ќе биде ли побарана одговорност од некого за ова мајтапење со народот.
Фб статус, Ѓорѓи Спасов