ПАТРИОТИ И ПРЕДАВНИЦИ
Тие што ја крадеа и опустошија државата, тие што ја користеа партијата како параван за лично богатење, тие што се пазареа и го продаваа името на државата, тие што газеа по живи ,,лешеви” сами си се нарекуваа патриоти. Јас и сите оние кои се боревме и се бориме против ваквите изроди бевме етикетирани како предавници на партијата и непријатели на државата. Се дрзнаа дури и нестатутарно да ме исклучат од партијата!.
Тоа по нивен налог (на врхушката) го правеа оние лигави измеќари и продадени души кои дојдоа во партијата само поради лукративни причини.
Времето покажа кој е бездушник, предавник, криминалец и лажен патриот, а кој е лојален граѓанин на државата и партијата.
Како сега тие амали на туѓиот срам ќе ме погледнат во очи.?
Јас и сите ние на ваквите ситни души нема да им се светиме, туку само ќе ги покажеме со прст и ке ги ставиме на столбот на срамот.
Нека ги паметат генерациите после нас.
Фб статус, Јове Кекеновски