ФБ СТАТУС: ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ – РОКОТ ИЗМИНА – ,,ИТНАТА” САНАЦИЈА НА ОБИКОЛНИЦАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА МИНИСТРЕ КОЈ ЌЕ ЈА СНОСИ ОДГОВОРНОСТА И КОЈ ЌЕ ГИ ПЛАЌА ПЕНАЛИТЕ?

Сподели

  1. РОКОТ ИЗМИНА – ,,ИТНАТА” САНАЦИЈА НА ОБИКОЛНИЦАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА
    МИНИСТРЕ КОЈ ЌЕ ЈА СНОСИ ОДГОВОРНОСТА И КОЈ ЌЕ ГИ ПЛАЌА ПЕНАЛИТЕ?
    • На 06.08.2016 година се случи елементарна природна непогода која направи големи оштетувања на државниот пат А2, односно на делови од обиколницата на Скопје (кај селото Смилковци во должина од 1500 метри).
    • Со оглед на важноста и значењето на обиколницата за градот Скопје како и за цела Македонија утврдена беше потреба од итна санација на истата. ЈП за државни патишта по добиена согласност од Советот за јавни набавки, спроведе избор на изведувач на работите (економски оператор) преку преговарање без објавување оглас.
    • Избран со директна спогодба е економскиот оператор ДГТТ Трансмет ДОО – Скопје кој понудил најниска прифатлива цена во износ од 139.976.534,00 денари без вклучено ДДВ или 165.172.310,00 денари со вклучено ДДВ.
    • Временскиот рок за санација на државниот пат А2, Обиколница на Скопје е договорен на 4 (четири) месеци од воведување во работа.
    • Изведувачот е воведен во работа на ден 21.10.2016 година.
    • Рокот за завршување на санацијата заврши на 20.02.2017 година.
    • Денес е 08 март 2017 година. Санацијата на обиколницата е далеку од завршување.
  2. Бидејќи избраниот (со директно преговарање) економски оператор не успеа во договорениот рок да ги изврши работи редно е Министерот за транспорт и врски и директорот на ЈП за државни патишта јавно да одговорат на следниве прашања.
    1. Кој ќе ја плати штетата поради пролонгирање на рокот за итна санација на обиколницата?
    2. Кој ке ја понесе одговорноста за непочитување на договореното?