На расправа на Комисијата за здравство на која се дискутираат измени на Законот за заштита на населението од заразни болести опозицијата побара оставка од министерот Филипче и го обвинија дека здравствените работници не се заштитени, а здравството е целосно во хаос.
“Знаете дека хаосот потекнува од 60 милиони долг што ги оставивте и ако сакавте во дограма да инвестирате немаше да правите Скопје 2014, ќе ја направивте дограмата, ќе ја направевте болницата од милијарда евра. Срамота е ова што го зборите, сега јас не знам како искачате овде и зборите, мене не ми е јасно со кое лице, вие за здравствени работници зборите, за што зборувате? Колку беа платите, кај се докторите? Во Германија зашто ги избркавте, како не ви е срам не ми е јасно” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.