„Највисок процент на позитивни од тестирани (41,2%) е регистриран на 17 ноември кога се регистрира и најголем број на нови случаи (1407), потоа бројот на нови случаи благо опаѓа.
Во однос на бројот на нови позитивни случаи по недели, 3 недели во континуитет евидентираме прилично еднаква бројка (7482, 7367, 7393), нешто што практично го нотира и СЗО, а тоа е дека бројот на нови случаи успорува. Практично, сме на ниво на едно плато во, што е доказ дека Р0 факторот е значајно намален.
За жал, евидентен е порастот на смртни случаи, и на глобално ниво, и кај нас. Од почетокот на месецот по недели (111, 149, 182, 206). Она што охрабрува е дека расте бројот на оздравени.
Во изминатиот период евидентираме високи бројки на оздравени од домашно и болничко лекување. Конкретно минатата недела, процентот на оздравени во однос на претходната е зголемен за 45%, а трендот на зголемен број на оздравени продолжува и во текот на оваа недела. Просек на хоспитализирани во изминатите 2 недели е околу 1280 пациенти. Процентот на хоспитализирани од активни изнесува 6.7 и овој процент е речиси константен“, изјави министерот Венко Филипче.
denesmagazin.mk